Политика на приватност

Дознајте повеќе информации за вашата приватност на интернет и обработката на вашите податоци на jugoistok.org

Почитувани посетители

На оваа страница можете повеќе да се информирате за нашата Политика на приватност и условите за користење на интернет страницата jugoistok.org. jugoistok.org е официјална страна на Здружение спортски клуб Југо-Исток од Струмица.

Нашата Политика на приватност го уредува видот на личните податоци кои интернет страницата ги собира и начинот на нивното користење. Доколку не се согласувате со правилата кои се дел од нашата Политика на приватност ве молиме да не ја користите оваа интернет страница. Користењето на вашите лични податоци на други интернет страници, вклучително и оние кои се поврзани преку неколку страници на jugoistok.org, не подлежат на правилата на Политиката на приватност за jugoistok.org.

За било какви дополнителни информации во врска со Политиката на приватност Ве молиме да не контактирате преку формуларот за контакт кој се наоѓа на крајот на оваа страна. Доколку имате предлози како можеме да ја подобриме нашата Политика на приватност слободно испратете ги до нас преку формуларот за контакт.

Контакт листи и адресари

Согласно Политиката на приватност на jugoistok.org ниту еден од вашите лични податоци кои ги користите во комуникацијата/интеракцијата со нас како што се: име, презиме, адреса, телефонски број, е-пошта и други, нема да бидат објавувани јавно или на кој било друг начин оттуѓувани во корист на други правни и физички лица кои не се дел од jugoistok.org

Според Политиката на приватност, добиените лични податоци се користат исклучително за намената на која се однесуваат. Ве молиме имајте на ум дека при регистрација на некои од адресарите вашите контакти се видливи и за пошироката јавност.

Потсетуваме дека злоупотребата на личните податоци од трети страни подлежи на правно санкционирање и Ве молиме доколку забележите таков случај да не известите преку формуларот за контакт.

Регистрирањето на вашите контакти во контакт листите на jugoistok.org е исклучително на доброволна основа, а лицата кои во иднина не сакаат да се дел од која било контакт листа или адресар на jugoistok.org може да ги известат администраторите преку опциите дадени во е-пораките или преку користење на формуларот за контакт со испраќање на соодветна содржина.

Податоци од кредитни и дебитни картички

Здружение спортски клуб Југо-Исток е непрофитна организација и не нуди комерцијални услуги преку интернет. Со цел да ја подобриме приватноста на вашите податоци од кредитни и дебитни картички и вашата безбедност за е-тргување, при пополнување на било кој контакт формулар кон нас ве молиме да бидете внимателни и да не ги внесувате податоците од вашите кредитни и дебитни картички.

Други интернет страници

jugoistok.org не сноси одговорност за содржината од интернет страните кои не се во рамките на главната страница. Ве советуваме внимателно да ја прочитате политиката на приватност на останатите интернет страници пред да внесете или објавите било каков личен податок.

Користење колачиња (cookies)

Колачињата (cookies) престатвуваат мал текстуален фајл на податоци кој се наоѓа во вашиот пребарувач и дозволува jugoistok.org  да Ве препознае секој пат кога ќе ја посетите оваа интернет страница. Колачињата сами по себе не содржат никакви лични информации и jugoistok.org не користи колачиња за да собере лични информации. Колачињата можат да бидат користени од страна на трет доставувач на информации како на пример доставувачи на вести.

Екстерни бројачи

За следење и анализа на посетеноста на оваа интернет страница се користи Google Analytics. Резултатите од бројачот Google Analytics не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Google е достапна на веб-адресата www.google.com/privacy.html.

Постоечки ризици

Запомнете ги постоечките ризиците секој пат кога го користите интернетот.

Иако ние се трудиме максимално да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме целосно да гарантираме безбедност на кои било информации кои ќе и ги доставите на jugoistok.org  и Вие сте целосно одговорни за зачувување во тајност на кои било лозинки или други податоци поврзани со вашата сметка.

Исто така други интернет страни или услуги кои можат да бидат достапни преку jugoistok.org имаат одделни политики за заштита на податоци и на приватност, кои се независни од нас и затоа ние не сносиме одговорност и должност за нивните политики или постапки.

Ве молиме контактирајте ги тие доставувачи или други доколку имате какви било прашања поврзани со нивните политики за приватност.

Контакт

За сите прашања поврзани со вашите лични податоци собрани и обработени од наша страна, обратете се директно до нас преку која било од стандардните можности за контакт.

Здружение спортски клуб Југо-Исток
Ул. Климент Охридски 224
2400 Струмица
Република Македонија
info@jugoistok.org