Здружение Спортски клуб ЈУГО-ИСТОК е спортска, невладина, непрофитна, неполитичка организација за сите категории на спортски активности во природа како што се велосипедизам, планински велосипедизам, спортско трчање, планинско трчање, скијање, планинарење и алпинизам со преку 50 регистрирани членови. Во 2019 година ЗСК Југоисток доби ПЛАКЕТА за особен придонес за развој на спортот во Општина Струмица.
ЗСК Југоисток беше главен организатор на првиот Полумаратон „Струмица на улица“ кој се одржа на 26 август 2018 во Струмица. Нашиот клуб го претставуваа 13 натпреварувачи меѓу вкупно 184 натпреварувачи од 6 земји во машка и женска конкуренција на три трки, полумаратон, 10км и 5км. Учесниците трчаа на кружна патека со должина од 5000 метри низ осветлените булевари на градот Струмица. Временските услови беа тешки поради исклучително топлото време и температура преку 30 степени но тоа не ги спречи натпреварувачите да остварат забележително добри времиња. Во сите трки учествуваа натрпеварувачи од скоро сите најголеми атлетски клубови од Македонија, со што овој настан привлече големо внимание во атлетскиот свет.
ЗСК Југоисток беше главен организатор и на најмасовниот регионален настан за планински велосипедизам со кој се завршува сезоната на планински велосипедизам во нашата држава кој се одржа на 4 ноември 2018 година во областа на градот Валандово . Учествуваа преку 200 велосипедисти од Република Македонија. Нашиот клуб беше претставуван од преку 30 велосипедисти и други членови кои волонтираа во организацијата на овој настан. Патеката по која возеа велосипедистите беше долга 40,2 километри со денивелација од вкупно 868 метри со комбинација од планински патеки и асфалт